Моден дуел помеѓу Даниела Димитровска и Софија Милошевиќ – која е поубава во овој Барби фустан?
Ист фустан, но во две потполно различни изданија
Омилената русокоса на сите времиња од Малибу е оживеана на филмското платно во новиот филм со Марго Роби.
Целиот свет зборува за новиот филм за Барби во кој покрај преубавата Марго, глуми и Рајан Гослинг во улога на Кен.
Но покрај тоа што сите сакаат да го гледаат новиот филм, вистинска опсесија владее и по розовите фустани какви носи познатата русокоса.
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Ова лудило се пренесе и на дамите во регионот, па така на промоцијата на филмот во Белград многу познати дами се појавија во вакво издание.
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Меѓу нив посебно се истакна познатата манекенка со македонско потекло Даниела Димитровска која на промоцијата на филмот пристигна во мини фустанче во розова нијанса и со асиметричен крој.
Фото: Инстаграм/ Софија Милошевиќ
Ист ваков фустан пред неколку недели носеше и Софија Милошевиќ, која заради својата руса коса изгледа како вистинска Барбика.
Фото: Инстаграм/ Даниела Димитровска
Фото: Инстаграм/ Софија Милошевиќ
Фото: Инстаграм/ Софија Милошевиќ
Софија овој фустан го носеше на промоцијата на албумот на Сара Јовановиќ, а како изгледаше, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Софија Милошевиќ
Па, на која од овие две дами подобро и стои овој фустан?