Многумина се прашуваат дали Агнеса повторно е вљубена – новите фотографии ги збунија нејзините бројни обожаватели
Органџиева го украси своето тело…
Откако го заврши тетовирањето, Агнеса веднаш сподели фотографија со своите следбеници на Инстаграм и откри што нацрта на ова место…
Таа е позата како некој што ги сака тетоважите, а сега со уште една интимна шара го украси своето тело.
Познатата инфлуенсерка не крие дека ги обожава тетоважите. Таа веќе има шари на своето тело, а сега ја покажа и новата.
Инфлуенсерката Агнеса Органџиева овој пат се определи за едно од најболните места на телото за тетоважа, а тоа е на вратот, во пределот зад увото. Откако го заврши тетовирањето, таа веднаш сподели фотографија со своите следбеници на Инстаграм и откри што нацрта на ова место.
Можеме да видиме дека Агнеса тетовирала мало црвено срце, па многумина се прашуваат дали таа е повторно вљубена штом се одлучила за еден вакво чекор или тетоважата крие некое друго значење.
Инаку, Агнеса, неодамна за Гламур магазин откри дека го чека вистинскиот кој ќе знае да се носи рамо до рамо со неа. Што се однесува за тоа дали повторно размислува за брак, таа откри дека нема ништо против тоа, посебно што тоа за неа не значи ништо, освен еден обичен лист хартија.
Во иста пригода ја прашавме и колкав дел од приватноста споделува на социјалните медиуми, на што таа одговори:
„Споделувам еден мал дел што сакам јас да им го покажам. Тоа е 20% од мојот живот, доволно им е за приказни“, беше потполно искрена познатата инфлуенсерка.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева