Многумина не знаат дека „Жената на султанот“ е бугарска песна – ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледа пејачката на оригиналната верзија
Познатата фолк пејачка деновиве се најде на насловните страници на многу познати турски медиуми
Турците се фасцинирани од Жената на султанот, а како што пренесуваат српските медиуми, наскоро може да се случи и дует со голема ѕвезда во оваа земја.
Пејачката Тијана Милентијевиќ, попозната под нејзиното уметничко име Тијана Ем, се прослави со хитот „Жена на султанот“, со која надмина популарноста на оригиналната верзија на оваа песна, а која што ја изведува бугарската пејачка Галеба Вичева Генчева под името „Феноменален“.
И откако го освои целиот Балкан, „Жената на султанот“ ја фасцинираше и публиката во Турција каде веќе се наоѓа на насловната страни на нивните познати весници, што можете да ги видите во продолжение.
Тијана за многу кратко време успеа да го оствари она што многумина не можеле да го остварат со години, а тоа е да буквално преку ноќ со крупни чекори почне да ги освојува и другите земји, па и една Турција.
Оригиналот е бугарски
Малкумина знаат дека овој хит е преземен од Бугарите и дека оригиналната песна ја пее нивната пејачка Галена.
Галена Вичева Генчева песната „Жената на султанот“ ја изведува под името „Феноменален“. Но и покрај тоа што песната на Тијана е снимена оваа година, речиси две години по онаа на нејзината колешка од Бугарија, Милентијевиќ на Јутјуб има многу повеќе прегледи од оригиналната песна. Песната важи за една од најслушаните во нивната земја, а на оваа социјална мрежа има 22 милиони прегледи, додека „Жената на султанот“ од Тијана има преку 56 милиони, што значи три пати повеќе и тоа за само неколку месеци.
Во продолжение погледнете како изгледа бугарската жена на султанот…