Пејачката Сека Алексиќ го живее својот живот и бескрајно ужива во него. На големиот семеен имот, далеку од очите на јавноста, Сека со сопругот Вељко и преслатките синови Јован и Јаков поминува денови исполнети со љубов и хармонија.
Познато е по тоа пто не сака судири и се одлучува својата интима да ја споделува, само онолку колку што е доволно, па на многумина Сека им е омилена пејачка.
Сепак, бидејќи во последно време се почесто се фотографира во костими за капење, нејзините фотографии на Инстаграм предизвикаа многу внимание.
Се почна кога Сека на својот Инстаграм објави фотографија со синот Јован, на која тие двајца уживаат покрај базенот.
https://www.instagram.com/p/CDRvfhuHd8S/
– Повторно си бремена?, ѝ поставија прашање, на што Сека духовито одговори:
– Не, само сум дебела.
Иако веќе беше очигледно дека Сека ужива во себе и во своето тело, таа се одлучи сепак, на сите жени кои ја следат да им испрати силна порака.
https://www.instagram.com/p/CDcA2J3nkG3/
Таа на својот Инстаграм профил објави фотографија во бикини, на кој позира и навистина изгледа одлично.
– Научите да го сакате свето тело! Зошто совршенство не постои, и сосема е очигледно дека жена со облини не е помалку убава од витка девојка. Едноставно треба да научите да се прифатите себеси, онакви какви што сте, напиша Сека под споменатата фотографија.
https://www.instagram.com/p/CDbHXLrnU3-/
Овој коментар, покрена лавина комплименти и поддршка, на што и Сека инаку е навикната од своите фанови.
https://www.instagram.com/p/CDlUqbbnVkD/
Нејзината насмевка на секоја фотографија говори повеќе од илјада зборови. Таа зрачи, среќна е и сакана, и токму поради тоа е една преубава жена.
https://www.instagram.com/p/CDer-n1nzZr/