Рецепти

Мммм… Брз рецепт за вкусни колачиња од Чоколино – потребни ви се само 15 минути (и не треба да се печат!)

Многу вкусен десерт кој лесно се подготвува

Реклама
Реклама
Powered by:
  • Специјал - здраво, вкусно и неодоливо!

Брз рецепт за вкусни колачиња од Чоколино

Брзите и едноставните рецепти се идеални за овој период од годината, посебно кога станува збор за нешто олку вкусно и особено што се прави со еден од омилените производи од нашето детство.

Станува збор за десерт со кој ќе го воодушевите семејството, но и вашите гости, а за кој нема да губите премногу време во кујната.

Маркетинг

Рецептот за овие вкусни колачиња навистина е едноставен и за да ги подготвите ќе ви бидат потребни помалку од 15 минути.

И не треба да се изненадите ако ова уште по прва ви стане еден од омилените рецепти, посебно што главната состојка е омиленото јадење што сите го обожаваат, а тоа секако е Лино Чоклино!

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб

Еве што е потребно за да направите 8 топчиња

150 мл млеко, 150 г Чоколино, 50 г иситнети бисквити , 120 г млечно чоколадо или чоколадо за готвење, 20 г мелени бадеми и лешници по желба. Доколку сакате топчињата да имаат и поголема количина на протеини, тогаш користете LINO Protein Power Whey Чоколино со протеини, магнезиум и 8 витамини.

Протеинско Чоколино

Начин на подготовка

Во сад со средна големина направете густа смеса од вашето омилено Чоколина и млеко, а потоа додадете ги и 50-те грама трошки од бисквити. Во смесата додадете и бадеми или лешници (по желба), но внимавајте – смесата треба да ви биде доволно густа за да направите топчиња.

Потоа добро измешајте и оставете да се излади.

Принтскрин/ Јутјуб

Откако ќе се излади (отприлика од два до три часа) извадете го садот со смесата од фрижидерот и обликувајте топчиња. Готовите топчиња ставете ги на стапчиња (види слика) и потоа вратете ги во фрижидерот.

Принтскрин/ Јутјуб

Додека топчињата се уште се ладат растопете млечно чоколадо или чоколадо за готвење (по желба) и потоа потопете ги топчињата така што ќе ги направите целосно да бидат чоколадни.

Ваквите топчиња вратете ги повторно да се изладат во фрижидерот и послужете ги студени.

Не заборавајте дека топчињата можете да ги увалкате и во бело чоколадо за да добиете два вида на чоколадни топчиња од Чоколино, а пред да ги послужете можете дополнително да им додадете лешници и бадеми или изрендани парчиња  чоколадо како би добиле уште побогат вкус.

Па, уживајте и нека ви е на здравје десертот!

Бонус видео

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button