Камерата фати еден момент на свадбата кога младоженецот пред шокираните гости и удри шлаканица на својата жена,ова видео ги разбесни корисниците на социјалните мрежи.
Не е познато кога точно е направено ова видео, но сега станува вирално.С е верува дека е снимено во Централна Азија и се гледа како по обичај младенците се хранат со торта.
Откако сопругот и дава торта на невестата, таа тргнува да му даде парче и на својот младоженец, но во тој момент сакаше да направи мала шега, па така двапати му го дава па трга од уста парчето торта.
Ова го вознемири младото момче, па реши да и удри шлаканица на невестата која од силниот тресок седнува на столчето.
Корисниците на социјалните мрежи веднаш го осудија неговото однесување и истакнаа дека се надеваат дека невестата веќе го оставила.
„Човекот има потреба од лекција за човековите права”, „Се надевам дека тоа беше крајот на свадбата”, „каква слабост”, се само некои од коментарите, а некои забележаа дека „невестата не изгледаше среќна дури и пред шлаканицата”.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=31&v=3zympqKtA8U