Младиот пејач Адам Лабунски ја запроси својата бремена девојка – оваа убавица наскоро ќе му роди ќерка
И двајцата изгледаат вљубено и среќно, но и подготвени да се соочат со новите предизвици во животот
Пејачот наскоро ќе стане татко
Пејачот од Македонија, Адам Лабунски, кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ и „Пинк ѕвезди“, но беше дел и од популарното српско ријалити шоу „Задруга“, наскоро ќе се оствари и во улога на татко.
Имено, Адам во текот на летото заедно со својата девојка Јелена откри дека таа е во блажена состојба, а потоа и дека „носи“ девојче.
Тие тогаш споделија и неколку фотографии направени на плажа во Улцињ, каде во центарот на вниманието беше стомакот на идната мама.
Инстаграм/ Адам Лабунски
Убавата Јелена која наскоро треба да се породи тогаш блескаше, а внимание со своето згодно тело привлече и нејзиниот сакан.
Неколку недели подоцна Адам сподели и неколку фотографии со кои откри дека ја побарал за жена и дека му кажала „да“.
Инстаграм/ Адам Лабунски
Потсетуваме, Адам порано беше во врска со Џејлана Дачиќ, но нивната љубов не траеше долги и тие никогаш не се венчаа.
Инстаграм/ Адам Лабунски
Тој е син на македонската фолк-ѕвезда Ибро Лабунски, од кого Адам очигледно го наследил талентот за пеење.
Инстаграм/ Адам Лабунски
Тој се прослави најпрво во „Пинк ѕвезди“, а потоа и во „Ѕвездите на Гранд“, а потоа си ја проба среќата и во „Задруга“.
Инстаграм/ Адам Лабунски
Со појавувањата во овие шоуа тој стекна свои фанови од целиот регион, а позната е и неговата сегашна избраничка.
Инстаграм/ Адам Лабунски
Инстаграм/ Адам Лабунски
Таа има преку 20.000 следбеници на Инстаграм, а повеќе нивни заеднички фотки погледнете во продолжение…