Младата пејачка од „Ѕвездите на Гранд“ со македонски корени го запали интернетот – се снимаше во креветот, ги воодушеви мажите!
Пејачката Зорана Миќановиќ што се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ во моментот во регионот важи за една од најпопуларните пејачки од помладата генерација.
Пејачката што се прослави во ова шоу покрај тоа што постојано настапува како низ регионот, така и ширум Европа, таа е поприлично активна и на социјалните мрежи.
Миќановиќ речиси секојдневно објавува снимки со кои знае како да ги израдува своите обожаватели, а едно од нејзините последни видеа што се појавија на интернетот никого не ставија рамнодушен.
Имено, таа објави видео снимено додека лежи во креветот, пеејќи го хитот на уште една пејачка со потекло од Македонија.
Имено, Миќановиќ ја пееше песната „Клуч“ од Надица Адемов, а од видеото многумина ја испофалија за ова издание.
Инаку, мајката на оваа млада пејачка има македонско потекло, што таа самата го откри во „Гранд магазин специјал“.
Во една емисија во која беше гостин уште еден млад пејач од Македонија, откако откри дека се познаваат од порано, додека се натпреварувале во „Некои нови клинци“, и дека имале симпатии еден кон друг, пејачката се осврна и на тоа дали во иднина би снимила песна со својот колега.
„Зошто да не снимиме дует? Можеби ова е новост една, мојата мајка е од Македонија, и јас имам македонски корени“, откри младата пејачка за прв пат во емисијата „Ѕвездите на Гранд специјал“.
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
Фото: Инстаграм/ Зорана Миќановиќ
.