Реклама
Наши ѕвезди

Младата пејачка во солзи по гласањето, Мелиса од Македонија не помина директно во „Ѕвездите на Гранд“

Беше неизвесно до самиот крај

Реклама

Жирито беше ставено на мака и во последниот дуел помеѓу Мелиса Зијадиќ и Џула Дрини во „Ѕвездите на Гранд“.

Мелиса и Џула дадоа сé од себе и покажаа дека и двете заслужуваат да поминат во финалето, а откако добија максимален број на гласови и заради нерешениот резултат по пеењето акапела, пред креативниот директор на Гранд, Саша Поповиќ, повторо се најде една од најтешките одлуки откако постои ова популарно шоу.

Тој беше изненаден кога виде дека повторно ќе мора да донесе одлука, па реши Џула Дрини да помине директно во финалето.

Маркетинг

Секако дека на оваа одлука најсреќен беше нејзиниот ментор Драган Стојковиќ Босанац додека Џула веста ја пречека со солзи.

Маркетинг

Како сето тоа изгледаше погледнете во продолжение…

По овој дуел, Поповиќ имаше уште потешка задача пред себе – требаше од сите останати кандидати кои завршија во бараж да избере кои ќе помина во финалето и следната сабота ќе се борат за победа.

Па така откако објасни дека во финалето нема да има дуел, туку ќе се гласа од пет држави: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Хрватска, тој истакна дека ова му е најтешката вечер досега, во целата негова кариера, затоа што мораше да избере четворица што ќе испаднат.

Што се однесува до натпреварувачите од Македонија, 24-годишната Андријана Петрушовска беше единствена што успеа да  помина директно во финалето, додека за Мелиса Зијадиќ и Мики Секуловски беше неизвесно се до самиот крај на емисијата.

Но за среќа Поповиќ на крај одлучи никој да не си замине, туку сите 20 кандидати да добијат шанса и во големото финале.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button