Младата „Гранд ѕвезда“ што се откажа од шоуто реши да се огласи на Инстаграм – cкандaлот што се случи ги шокиpaше сите!
Не можеше да го издржи притисокот….
Пејачката Марија Шерифовиќ на својот Инстаграм откри дека натпреварувачката од нејзиниот тим во „Ѕвездите на Гранд“, Анастасија Иќуруп, решила да се откаже од натпреварот по навредите што ги доби од жирито.
Имено, колешката на Шерифовиќ, која воедно е и дел од жирито, Ана Бекута, започна расправа поврзана со стајлингот на натпреварувачката која облече црвен провокативен костим на сцената во „Ѕвездите на Гранд“.
Марија сега откри дека стои зад секој нејзин збор:
„Добри луѓе, добар ден. Мојот инбокс е полн со пораки, сакам да кажам дека стојам зад секој изговорен збор, сметам дека тоа е единствено што е исправно. Ме затече информацијата дека натпреварувачката Анастасија Иќуруп се откажала од натпреварот, жената не се чувствувал убаво, не сакам да бидам дел од тоа. Дали јас би го направила тоа? Не, би била подобра и најдобра, па би почнала да им ја пијам крвта на жирито. Вака оваа ситуација завршува на овој начин“, изјави Марија.
Само да потсетиме, „циркусот“ настана откако жирито се произнесе во врска со стајлингот на Анастасија.
„ Јас не знам што значи тоа, каде вие го наоѓате тоа, каде ги купувате овие работи, тоа е катастрофа, на што личи: Тоа е така евтино, изгледате евтино така што ова е катастрофа. Не може вака деца, јас нема да дозволам да не го кажам ова, вие влијаете на децата што не гледаат. Ова што го правите вие е погрешно, посебно ти Ѓорѓе што ги тераш вака да се облекуваат. Ова е непримерно, дегутантно, одвратно и јас ќе се исповраќам сега“, изјави Ана Бекута.
„Ова е една многу незгодна тема за која може да водиме полемика. Сега е 2022 година, како излегува Лејди Гага на сцената. Колеги многу е безобразно и незгодно да доживеете и да поднесете удар како изведувач било кој да ви каже дека му се повраќа заради вас, што значи тоа?!“
„Имам проблем со тоа како се изразувате, можеби тоа некого повреди. На мене годни и години ми поминаа за да дојдам до статус дека баш да ми е гајле, за сите тие зборови. И мене така ми зборуваа. Не може Ана така! Таа не е Ана Бекута и може така да изгледа!“, го искажа Марија Шерифовиќ своето мислење по настапот на Анастасија.
Инаку, Анастасија и минатата година учествуваше во шоуто, само тогаш беше во тимот на Јелена Карлеуша.
Карлеуша плачеше кога таа испадна од натпреварот, а беше вознемирена и од коментарите на жирито.
„Јелена плаче затоа што со гласањето покажавте елементарно непочитување кон мене. Ви тврдам дека вие на девојката која е единствена што може да биде ѕвезда, и ги пресековте крилјата и тоа на најглуп можен начин“, изјави тогаш Карлеуша за младата пејачка.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Анастасија Иќуруп
Фото: Инстаграм/ Анастасија Иќуруп
Фото: Инстаграм/ Анастасија Иќуруп
Фото: Инстаграм/ Анастасија Иќуруп