Младата Гранд ѕвезда со македонски корени и го украде шоуто на Теа Таировиќ – објави домашно видео и го запали интернетот
Пејачка Зорана Миќановиќ реши сериозно да поработи на својата кариера, па започна и часови по танцување.
Таа од неодамна започна со тренинзи, па на социјалните мрежи не испушта прилика да се пофали со резултатите.
Од нејзините објави можеме да видиме дека линијата за многу кратко време ја донела до совршенство, а фановите посебно се воодушевени од нејзиниот стомачен танц што младата пејачка неодамна го објави на нејзиниот „ТикТок“.
Многумина од нејзините обожаватели веднаш коментираа дека може да ја засени дури и Теа Таировиќ, која важи за пејачка која знае најдобро да „меша“.
Нејзиното видео веднаш предизвика лавина од реакции од нејзините фанови кои беа воодушевени што ја гледаат во вакво издание.
Младата пејачка неодамна во интервју за „Гранд.онлајн“ откри дека се запишала на часови по танцување најмногу заради своите настапи бидејќи сака да ги донесе до совршенство пред публиката да изгледа беспрекорно.
Инаку Зорана во една од претходните емисии „Гранд магазин специјал“ откри дека има македонски корени со што посебно ја изненади нашата публика. Имено, во емисијата беше гостин и Дамјан Димевски, младиот пејач од Скопје кој моментално важи за еден од најдобрите кандидати во овогодишното шоу „Ѕвездите на Гранд“, па откако тие открија дека порано, додека се натпреварувале во „Некои нови клинци“ имале симпатии еден кон друг, Зорана се осврна и на тоа дали во иднина би снимила песна со својот колега.
„Зошто да не снимиме дует? Можеби ова е новост една, мојата мајка е од Македонија, и јас имам македонски корени“, откри младата пејачка за прв пат во емисијата „Ѕвездите на Гранд специјал“.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм