Младата Гранд ѕвезда направи „хаос“ на една веселба – БАКШИШ ЛЕТА ОД СИТЕ СТРАНИ, гостите во транс
Си заработи неколку плати со само неколку стихови
Младата пејачка Ивана Димковски се прослави пред неколку години кога учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа по учеството во шоуто започна да настапува низ клубовите во регионот, а од неодамна да пее и на приватни весели.
Од снимките на социјалните мрежи можеме да видиме дека одлично и оди во кариерата, но и дека солидно заработува.
Фото: Инстаграм/ Ивана Димковски
Имено, деновиве на Инстаграм се врти видео од настапот на младата пејачка во Виена каде со своите колеги направи лом.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Ивана во еден момент го запеа познатиот хит на Неда Топчагиќ, „Мали господин“, и веднаш ги крена атмосферата.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Гостите почнаа да ја китат со пари од сите страни, па во еден момент Ивана имаше толку многу пари што не можеше да ги држи во рацете.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Можеме да видиме дека станува збор за голема количина на пари кои што пејачката ги заработи само со неколку стихови.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Инаку, Ивана имаше само шеснаесет години кога прв пат се појави во „Ѕвездите на Гранд“, а се има појавено и во „Пинк ѕвездички“.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Во првата сезона во „Ѕвездите на Гранд“ ментор и’ беше Јелена Карлеуша, а во втората Ѓорѓе Давид.
Еве што вели Ивана за нив:
„Од Јелена и Ѓорѓе научив многу, несебично ме советуваа и знам дека искуството што го стекнав со нив ќе ми значи многу во понатамошното градење на мојата музичка кариера. Јас ќе се обидам да ја оправдам нивната доверба“, изјави во една пригода Ивана за „Гранд.онлај“.
Фото: Инстаграм/ Ивана Димковски
Инаку, Ивана живее во Белград, а нејзиниот татко по потекло е од Македонија. Информацијата за нејзиното потекло во една пригода го откри нејзината мајка во „Ѕвездите на Гранд“, кога Саша Поповиќ ја праша за презимето, со што таа потврди дека нејзиниот сопруг има потекло од Македонија.