Младата Благица Ѕунзуровска отворено зборуваше за „Ѕвездите на Гранд“- еве што и понудиле, а таа одбила

Младата, талентирана и преубава Благица Ѕунѕуровска веќе на сите ни е добро позната од учеството во „Ѕвездите на Гранд“, а претходно и во „Неке нови клинци“ каде не само што се покажа одлично туку и победи.

Таа откри детали за снимањето на едно од најгледаното балканско шоу и кажа дека не е сè така розово.
При гостување во емисија кај Стефан Лазаров, Благица откри дека повеќе нема да се враќа на снимање на „Ѕвездите на Гранд“, а објасни и зошто.
Благица кажа дека ја викнале на снимање откако друга кандидатка се откажала, им фалеле кандидати. Ја повикале во вторник, а веќе во четврток требало да снимаат.

„Мене многу ми сметаше што Мили секојпат на Инстаграм ги објавува пробите на „Ѕвездите на Гранд“. Тој самиот во емисија кажа дека сме немале проба, а на Инстаграм објави видео во кое е ставена слика од мене и кажува дека сме имале проба“, вели Ѕунзуровска во емисијата со Стефан.

Благица зборуваше дека и покрај критиките за лош избор на песни, кандидатите и немаат многу избор и дека менторите се оние кои ги бираат песните, па иако испаднала тие повторно ја повикале да се врати во шоуто, но овојпат со еден вид на ултиматум. Се потпишувале договори, па ако не сакаш да потпишеш автоматски испаѓаш, откри Благица, а договорот би траел 9 години.
Вели дека не била заинтересирана да се враќа во шоуто, бидејќи вели дека се работи за многу време и не би сакала да потпише договор, а без тој договор, како што вели Благица, можеш да продолжиш со натпреварувањето, но не ветуваат кариера.

Младата Благица се осврна и на победата во „Неки нови клинци“ и потврди дека не добила ништо, освен награда немало ни песна иако индиректно било кажано дека ќе им следува две песни, што всушност не се случило.
Иако вели дека доколку се потпише договорот би имала и корист, но таа не планира да остане во Македонија, па не сака договор ниту на една година.
Ѕунзуровска помина во четвртиот круг. Меѓутоа, во последната емисија во која настапуваше таа доби еден глас и испадна од музичкото шоу.

Таа во интервјуто откри дека штотуку добила и возачка дозвола, а се пофали и дека има и момче кое живее во Америка.

Потсетуваме дека Младата Македонка од тимот на Мили се претстави со песната „Југословенка“ на Лепа Брена и „Тажна љубов, среќна песна“ од Тамара Тодевска, додека Јована, од тимот на Ана Бекута со песни од Тони Цетински и Лепа Брена.
Втората кандидатка доби четири гласа и со тоа во последен момент обезбеди одење во бараж, за разлика од Благица која испадна од натпреварот. Јелена Карлеуша го коментираше нивниот настап, но немаше пофални зборови за ниту една од нив. Еве што им порача таа на девојките.

„Јас би го повлекла мојот глас, жими мајка. Не беше ни за четири гласа. Ме боли желудникот. Девојки, ова беше катастрофално. Во оваа работа ништо нема да добиете, дебакл, промашување“, им кажа Јелена.
Иако претставниците на жирито се согласија дека Благица е добра пејачка, беше очигледно дека таа не можеше да излезе на крај со тремата.
И додека останатите претставници на жирито ги коментираа девојките, Карлеуша повторно се јави со свој остар коментар. Таа изјави дека за џабе го губат времето на некои што тоа не го заслужуваат, а на Јована и се обрати со следниве зборови:
„Јована, најпрво би ти ги зела чизмите. Немате во мозокот како да бидете ѕвезди“, ги коментираше остро пејачките поп-дивата.
Тогаш Поповиќ и се обрати на Карлеуша со зборовите:
„Јелена, ти и го даде гласот, фактички ти ја однесе во баражот“, објасни тој, а Јелена видно изнервирана најде утеха во нејзиниот колега Босанац, па отиде да го гушне и му седна во скутот. По некоја минута, тие си ги променија местата, па пејачот седна во нејзиниот скут, а Јелена објасни дека тоа само нему му го дозволува, додека неговата колешка Вики Миљковиќ му порача дека ќе го остави сопругата.
„Веќе гледам развод на бракот“, коментираше таа.
Инаку, Карлеуша во претходниот круг, на Благица и порача дека е слатка и симпатична, но и дека кога пее е опасна ѕверка.
„Јас ти дадов глас заради бруталниот талент и енергија, како и ѕверскиот поглед и те молам направи успех во оваа работа бидејќи ти во твојот поглед криеш ѕверка!“ и порача тогаш поп дивата на Благица.
Благица ја памтиме како симпатично и скромно девојче кое пред неколку години со својот глас ги освои сите во „Неки нови клинци“ Таа тогаш победи во шоуто, но набргу потоа се повлече од музичката кариера, за по некое време да се врати со своја генијална песна со која ги воодушеви сите
Таа од харизматичното, скромно девојче порасна во прекрасна девојка, која веќе зад себе има неколку одлични песни.



