Млада мајка од Македонија го украде шоуто со кусото фустанче со кое се појави во „Ѕвездите на Гранд“
И покрај тоа што нејзиниот настап изгледаше светски, беше неизвесно до самиот крај
Јелена Станковска Глишовиќ (33) се натпреваруваше во дуел со Николина Перковиќ и направи вистинско шоу во „Ѕвездите на Гранд“.
Тие и двете изгледаа убаво на својот настап, а жирито одлучи втората натпреварувачка да помине директно, а Јелена заврши во бараж.
Ана Бекута и Светлана Цеца Ражнатовиќ се согласија дека и двете пејачки беа добри, но и дека Николина можеби згрешила со изборот на песните.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
На крајот рокерот Ѓорѓе Давид како ментор на Николина застана во нејзина одбрана и откри дека таа била болна и дека не можела да се покаже во вистинско светло.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Македонката најпрво ја изведе песната „Боже брани ја од зла“ од Тоше Проески, а потоа и „Извини“ од Анастасија, а во жирито беше поддржана од нејзиниот сопруг кој не криеше дека е горд на својата сакана. Тој исто така откри и дека тие пред три години се оствариле во улога на родители, па заради обврски околу ќеркичката оваа русокоса дама досега не успеала да се пријави во шоуто.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Таа за настапот избра кусо металик фустанче и розови сандали со високи потпетици со кои во преден план ги истана нозете, а на сцената изгледаше светски.
Фото: Инстаграм/ Јелена Станковска
Но тоа очигледно не беше доволно за претстацниците на жирито во ова шоу, па тие и дадоа втора шанса во баражот од каде Јелена сепак успеа да се пласира во следниот круг.
Како сето тоа изгледаше погледнете во продолжение…