Реклама
LIFESTYLEВирално

Млада жена истекнувајќи го вратот предизвикала мозочен удар

Реклама

Натали Киники (23), по вечерната забава гледала филм на креветот заедно со својот пријател, се протегнала малку и светот и се свртел наопаку.

Медицинската сестра која работеше во амбулантата во Лондон почувствувала крцкање на вратот, но во првиот момент мислела дека тоа е нормално. „Луѓето треба да знаат дека дури и ако сте млади, може едноставно додека се протегате и да доживеете удар“, вели Натали.

Маркетинг

„Пријателот ме праша дали го слушнав звукот од мојот врат, јас само се насмеав бидејќи, кога се протегам, моите зглобови обично крцкаат. Станав и тргнав кон бањата, но во еден момент сфатив дека не можам да ја поместам левата нога. И тогаш паднав. Не можев да станам од подот и тогаш пријателот дојде кај мене за помош. Мислеше дека сум пијана, но знаев дека нешто друго е во прашањ. Мислев дека некој ме дрогирал со дрога за силување, што може да предизвика парализа“, се сеќава Натали.

Натали се преселила од Австралија во Лондон во декември 2017. Првично не сакала да повика брза помош, бидејќи нејзините колеги би мислеле дека е пијана. Но откако не можеше да заспие, ја повика брзата помош. Кога медицинските сестри пристигнаа и почнаа да ги прават тестовите, Натали сфати дека нејзината состојба се влошува, бидејќи во меѓувреме, координацијата и крвниот притисок се влошија, а срцевите отчукувања постојано се зголемуваа.

Маркетинг

„Најпрво ме погледнаа како да сум само пијана, но станаа сериозни кога им кажав дека работам во брза помош и дека сум прилично сигурна дека нешто не е во ред”, објасни таа.

По тестовите, таа била префрлена во Националната болница за неврологија и неврохирургија, каде што веднаш била испратена во операцијата за време на која хирурзите откриле дека артеријата и била скршена.

Беше потврдено дека Натали имала мозочен удар, кој бил предизвикан од главната артерија во ‘рбетот. Всушност, додека се протегала, Натали ја скршила ‘рбетната артерија, која предизвикала формирање на тромб во мозокот и предизвикал удар.

Хирурзите успеале да ја поправат штетата на артеријата со поставување на стент, но не успеале да го отстранат згрутчениот крвен притисок во мозокот за кој верувале дека ќе се стопи со текот на времето.

По операцијата на Натали, левата страна на телото и останала парализирана, и таа беше во целосен шок. Таа не можеше да размислува нормално и рече дека не чувствува ништо.

„Бев потполно шокирана. Не пушам, ретко пијам и никој во моето семејство нема проблеми со крвните садови или мозочниот удар. Луѓе ми кажаа подоцна дека се однесував како робот – се сеќава.

Таа се чувствувлаа толку лошо што им рекла на психолозите дека би било подобро да умрела. Таа објаснува дека очекувала дека ќе се разбуди по операцијата како нова, и наместо тоа, не можела да се движи, па дури и да ги премести прстите.

„Мислам дека го исплашив психологот. Но, депресијата е многу честа кај луѓето кои го преживеале мозочниот удар, веројатно затоа што луѓето губат достоинство и автономија“ – објаснува таа, а пренесе британскиот „Дејли меил“.

 

Денес Натали е во многу подобра состојба. Секојдневено тренира и благодарение на тоа таа повторно ги чувства ногата и раката. Докторите сé уште не можат да дадат проценка кога работите ќе се вратат во нормала, но таа се надева дека ќе може да работи повторно за шест до дванаесет месеци, на почеток на некои полесни работни места.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button