Кога видела што ја допира, скокнала од кревет.
Фото: Фејсбук
Американката Мелинда Мајор се разбуди среде ноќ во хотелската собоа во Мемфис мислејќи дека нејзиниот сопруг ја гушка нејзината рака, но потоа таа се сети дека тоа не е он. Кога погледна, под покривката видела змија која била завиткана околу нејзината раката. Таа ја сподели фотографијата и целата ситуација на Фејсбук.
“Скокнав како луда. Како нинџа. Ја фрлив некаде во собата. А, потоа се качив на масата и чекав додека не дојде директорот на хотелот. Не се плашам од многу работи, ама од змии имам страв дури и кога ги гледам на слики. Мислам дека нема да можам да спијам некое време после ова “, напиша таа, меѓу другото.
Нејзината објава брзо почна да се споделува на социјалните мрежи.„Жал ми е за нејзиниот маж кога ќе се обиде следниот пат да ја поглаи “, „Би добил срцев удар ако ми се случи ова“, „Би добил напад на паника“, „Единствената добра змија е мртва змија“, беа некои од коментарите.
Фото: Фејсбук