Мирко и Бојана покажаа како изгледа новиот базен – внукот на Гоца Божиновска го чека вистински луксуз кога ќе се роди
Бојана брои ситно до породувањето
Бојана Родиќ и Мирко Шијан наскоро ќе се остварат во улога на родители, а идниот татко покажа како изгледа нивната куќа.
Синот на Гоца Божиновска и неговата идна сопруга забрзано се подготвуваат за денот кога во домот ќе им пристигне новиот член, кога сакаат да им биде се завршено и средено.
Покрај катот што го реновираа за бебето, Мирко сега на својот профил на Инстаграм покажа и како изгледа новиот базен кој се наоѓа пред семејната куќа и во кој идните родители се разладуваат во топлото време.
10.000 евра за реновирање
Неодамна медиумите објавија дека Мирко и Бојана само за реновирање на базенот потрошиле преку 10.000 евра.
Тие наводно ставиле ново плочки, купиле дрво од банана, потоа нови лежалки и ставиле осветлување во базенот и лулашка во неговата близина, па како што велат нивните комшии, сега базенот свети како Лас Вегас.
Тие во моментов не планираат да прават свадба, но наскоро ќе се венчаат во кругот на семејството и пред матичар.
Мирко кој пред да ја сретне Бојана секојдневно се забавуваше и правеше журки покрај базенот, сега стана вистински домаќин. Ретко се огласува и на социјалните мрежи, а кафеаната ја замени со мирен семеен живот.
Инаку, деновиве во куќата на гости им беше сестрата на Бојана, Наташа Родиќ која ги изненади со својата посета.
Тогаш Бојана се пофали на својот Инстаграм и ја фотографираше Наташа која дојде со подароци за бебето.
„Пристигна тетката“, напиша Бојана тогаш.
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ
Фото: Инстаграм/ Бојана Родиќ