Министерот се пофали дека по трет пат ќе стане татко – бремената сопруга блеска како никогаш досега!
Сопругата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, е убавица што остава без здив
Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, и неговата сопруга наскоро ќе добијат уште едно дете.
Оваа вест ја сподели и самиот Бујар со фотографија на која напиша „5 од нас“, откривајќи дека неговата сопруга носи уште едно дете.
Инаку, сопругата на министерот за надворешни работи важи за една од најубавите жени на нашите политичари.
Фото: Фејсбук/ Бујар Османи
Нејзиното име е Валбона и Бујар со неа веќе има две деца, син и ќерка, кои министерот ретко ги експонира во јавноста.
Фото: Фејсбук/ Бујар Османи
Но на оваа фотографија се сите, со нивните две деца, додека се возат во автомобил, а министерот кој е на шоферското седиште и неговата понежна половина изгледаат пресреќно.
Инаку, Валбона по професија е дипломиран политолог.
Фото: Фејсбук/ Бујар Османи
Бујар и Валбона беа една година во врска пред да се застанат на лудиот камен и да се заколнат на вечна љубов, а како што самиот министер во една пригода откри, се вљубил во неа на прв поглед.
Фото: Фејсбук/ Валбона Османи
„Имаме големо разбирање и љубов, а ако даде Господ планираме многу деца, тие се круна на секој брак според мене’’, изјави Османи во една прилика откривајќи дека сака многудетно семејство.