Најголема продажба беше на почетокот на пролетта кога овој модел се продаде во неверојатни 100.000 примероци.
Последните неколку години еден модел од „Chanel“ би можел да ги надмине сите останати од овој култен француски бренд. Во прашање се платнените еспадрили инспирирани од француската ривиера кои на месечно ниво се продаваат од 10.000 до 100.000 примероци, ако судиме според аналитиката на „Google“.
https://instagram.com/p/BeOdvlDlxs3/?utm_source=ig_embed
Најдобрата продажба резервирана е за април, односно за почетокот на пролетта кога повеќето луѓе го освежуваат својот гардеробер со нови модели. Иако потсетуваат на еспадрилите што легендарната Коко имаше обичај да ги носи, а кои ги прослави Лореб Бакол во филмот „Key Largo“ од 1948, овој модел со потписот на француската модна куќа всушност се појави во 2013.
Далеку по оние од „Yves Saint Laurent“, брендот кој ги осмисли еспадрилите на платформа и ги популаризираше во текот на 70-тите.