Вести

Минималната плата ќе се зголеми на 22.500 денари – Еве кога!

Advertisement

Инфлацијата ќе расте, економијата ќе забави. Песимистички бројки за македонската економија годинава објави Народната банка.

Трошоците за живот ќе достигнат 9,5 отсто, наспроти владините очекувања да се спушти под 6%. Економијата ќе порасне само 1,9 отсто, иако Владата прогнозираше 2,5% раст.

Advertisement

Следната година инфлацијата ќе забави, поради пониските цени на енергесите, храната и металите кои се очекуваат, но Владата мора да внимава на што ги троши парите. Евентуалниот пораст на минималецот, пензиите и платите на административците, од март, можат да ја подгреат инфлацијата.

Народната банка прогнозира пониски бројки на трговскиот дефицит. Од 6,2% лани, оваа ќе ја завршиме со 1,2% дефицит на тековната сметка. Очекуваат пониски дознаки од странство и мало намалување кај извозот и увозот.

Во емисијата „Слободен печат“, Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, изјави дека преговорите со претставниците на пензионерите резултирале со поместување во корист на покачување на пензиите за ранливите категории на просечна плата.

До април ќе биде обезбедена и дополнителна помош според нивната база.

Битиќи напомена дека во преговорите биле вклучени и здруженија на пензионери и било договорено методологијата да е одличен модел за усогласување на пензиите.

Тој изрази уверување дека мерките што се преземаат даваат резултати, а инфлацијата е на исто ниво како пред кризата.

Битиќи истакна дека инфлацијата за само една година се намалила од 19,8 на 3,5 отсто, благодарение на сетот мерки што се спроведуваат.

ФОТО: фб

Вицепремиерот смета дека мерките даваат резултат, а инфлацијата е на ниво како пред кризата.

„Мерките што ги преземаме даваат резултат. Кажавме дека до крајот на годината ќе ја завршиме на висина со скоро исто ниво на инфлација како што имавме и пред кризата.

3.5% последната инфлација, последниот месец“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

ФОТО: фб

Тој напомена и дека последниов месец има зголемување на цените во малопродажбата за само 1 процент, што укажува на минимална промена.

Понатаму, Битиќи најавија зголемување и на минималната и на просечната плата, при што минималната плата во март ќе достигне 22.500 денари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button