Милијана Божиќ веќе со денови го изневерува својот сопруг Милојко со кого неодамна заплови во брачните води.
Но вистинска драма настана откако новопечената невеста Милијана не можеше да се воздржи, па почна пред камерите да го бакнува оженетиот Жабец, кога потполно неочекувано во истата просторија „од никаде“ се појави и нејзиниот новопечен сопруг Милојко и ги фати на дело.
На Милојко веднаш му се стемни, но во следниот момент почна да и вика на сопругата и на нејзиниот љубовник.
„Таа мене ме прави будала. Ова не е игра, ова е вистина. Милијана си поигрува со мене, но и со него“, и викаше Милојко на сиот глас на неговата сопруга.
„Ајде здраво и правете што сакате“, им кажа Милојко .
Инаку, бракот на Милојко (74) и Милијана (21) веќе е на стаклени нозе, а не поминаа ни месец дена откако се заколнаа на вечна љубов и направија свадба. Тие во последно време се почесто се расправаат, при што младата Милијана цело време се обидува да му се оправда. Ова не и е прв пат да го изневерува, а во една пригода Милојко ја обвини дека го изневерувала со негов братучед.
Што се однесува до Жабец, тој и самиот во еден момент, откако Милојко жив го фати со неговата сопруга, се сети дека дома има жена и дека сите го гледаат.
„Што да ви кажам, јас имам жена. Што да ви кажам“, повторуваше тој збунето кога се сети дека и камерите го снимале.