Мили во шок што колегите НЕ гласаа за пејачката од Македонија – НЕИЗВЕСНОСТ до самиот крај во „Ѕвездите на Гранд“
Милица Трајков од Македонија во овој круг во „Ѕвездите на Гранд“ настапи во дуел со Нејаз Неки Рамчевски.
Нејаз со освоени пет гласа помина директно во следниот круг, додека Милица со четири гласови замина во бараж.
Снежана Ѓуришиќ го пофали Нејаз, додека за кандидатката на Александар Милиќ Мили имаше критика.
„Ти дадов глас заради втората песна во која беше одлична, но во првата беше страшно, ни помина крв низ ушите“, изјави Снежана.
Марија Шерифовиќ исто така му даде предност на Рамчевски кој ја освои исклучиво со висините што покажа дека може да ги досегне, додека на Мили не му беше јасно зошто не даде глас и за неговата кандидатка за кој смета дека има неверојатна енергија и глас.
„Ти имаш огромен потенцијал, имаш голем распон, но ти својот вокал го силуваш и тоа не е угодно. Кога ќе го пуштиш тој долг тон во рефренот, фати го, не треба да бегаш. Тоа е силување и точка“, заклучи Марија со што се сложи и Ѓоле кој додаде дека за младата натпреварувачка од Македонија многу подобро би било ако пеека еден тон пониско.
„Некои коментари се сосема во ред, но не за вториот круг. Оваа девојка има стајлинг, енергија, ние би требал одвај да чекаме да го удриме тој глас, да правиме шоу да некој таков остане што подолго, а ние четири гласови за ваков настап, јас воопшто не разбирам што правиме ние“.
„Си отежнуваме самите на себеси, тоа не е добро за шоуто“, ја бранеше својата кандидатка Александар Милиќ Мили.
Инаку, Милица во претходниот круг го имаше еден од најдобрите настапи во шоуто. Таа тогаш никого не остави рамнодушен како со својот глас, така и со сценскиот настап за кој сите имаа само пофални зборови.
И бидејќи во слободно време се занимава со модерен балет, на Милица воопшто не и беше тешко да се погрижи за секој детаљ од својот настап, па така сите ги воодушеви кога ја соблече мантијата што ја носеше и го покажа својот необичен костум.
Впрочем таа и во овој круг изгледаше прекрасно на сцената, како со белата бунда така и со кожниот стајлинг под неа.
Таа сепак успеа да се пласира во следниот круг од бараж, иако до самиот крај беше неизвесно и напнато кој ќе помине.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд, јутјуб
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд, јутјуб
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд, јутјуб
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд, јутјуб
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд, јутјуб
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд, јутјуб
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд, јутјуб
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд, јутјуб