Милена реши да направи мала промена во имиџот – водителката повеќе нема да изгледа вака
Македонската водителка соопшти дека после одморот донела одлука да направи мала промена на изгледот.

Милена го менува имиџот, па им се пофали на фановите
Водителката Милена Антовска долги години е дел од утринката програма на Канал 5 телевизија, но и доста е активна на социјалните мрежи, кои ѝ служат и за бизнис соработки.
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
Освен што споделува објави поврзани со нејзината професија, Милена често споделува и фотографии од нејзиното семејство.
Секогаш е средена од глава до пети, а по раѓањето на својата втора ќерка линијата ја доведе со совршенство.
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
Важи за една од најубавите и најзгодните жени на естрадата и буквално што ѝ да облече ѝ прилега.
Иако мора многу рано да станува поради снимањето на утринската емисија, никогаш нема да ја видите во лошо издание.
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
Максимално внимание посветува на изгледот, а тоа раѓа со плод.
Изминатиов период беше на летен одмор заедно со семејството, па сега со нови сили и освежена се врати на работа.
На своите фанови им соопшти дека донела одлука да направи промена на изгледот.
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
Имено, Милена долго време носи шишки, но по сѐ изгледа овој имиџ ѝ здодеал на водителката, па одлучила да ги пушти.
„После одмор мала промена. Изгледа сериозно ги пуштам шишките“, соопшти водителката.
Како ви се допаѓа повеќе?
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска