Милена од Канал 5 во венчаница изгледа како принцеза од бајките – БЕСПЕКОРНА НЕВЕСТА, нејзиниот сопруг е среќен човек!

Македонската пејачка изненади со фотографии на кои позира во венчаница и ги воодушеви сите.
Милена изгледа како принцеза во бајките, а фустанот ѝ прилега совршено.
Милена Антовска долги години е дел од македонската телевизиска сцена, а публиката просто ја обожава.
Народот со нетрпение ја очекуваше да се врати од трудничкото боледување.

Милена е дел од утринската програма на Канал 5 телевизија, а важи за една од најдобрите водителки во моментов.
Освен на ТВ екраните, Милена можете да ја следите и на социјалните мрежи каде е доста активна.
Често на нејзините профили може да се видат фотографии и видеа од нејзиното најблиско семејство.

Таа е една од ретките која не крие ништо и секогаш со своите фанови ги споделува и убавите и неубавите моменти.
Милена е неколку години во брак со нејзиниот избраник Гордан Становски.
Плод на нивната љубов се Лана Марија и Јоана.

Она што може да се забележи е дека Милена и покрај двете бремености изгледа фантастично.
На нејзината витка линија може да позавидат и помладите девојки.
Таа е вистински пример дека една жена може да има успешна кариера, но и да биде максимално посветена на семејството, а воедно одлично да изгледа.

Милена ги изненади своите фанови со фотографии на кои позира во венчаница.
Милена изгледа како принцеза во бајките, а фустанот ѝ прилега совршено.

„Пред 8 години на денешен ден прв пат облеков венчаница за потребите на една фотосесија која што ми е многу драга затоа што ми е меѓу првите откако работам.
Знам дека повеќето од вас ги знаат овие фотографии, ама така некако ми дојде да ги споделам повторно со вас“, напиша таа.

ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска (Владимир Ѓоргиев)

ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска
ФОТО: Инстаграм / Милена Антовска