Миле Паника покажа каков бил во цутот на младоста и шокираше многумина – „Каква сељачина“ (фото)
Познатиот комичар си упати критики за своите постапки кога бил млад.
Миле Паника сподели видео со кое ги засмеа своите фанови.
Актерот Бранко Огњановски во јавноста е познат како Миле Паника, по улогата во емисијата К-15.
ФОТО: Инстаграм / Бранко Огњановски
Генерацијата која растеше во 90-те го памети ова шоу кое беше едн од најпопуларните и најгледаните во земјава, а воедно единствено од тој тип.
К-15 беше основано и оригинално го сочинуваа актерите Васко Тодоров, Љупчо „Бубо“ Каров и Бранко Огњановски, но често се појавува и други актери. Тројцата основачи беа исто така и дел од сценаристите и режисерите.
ФОТО: Инстаграм / Бранко Огњановски
Миле Паника имаше карактеристичен изговор, говорна маана, кој често се служеше со српски фрази за дополнителен ефект на неговиот хумор.
За жал ова шоу престана да се снима и емитува, а Бранко е единствениот од сите троја кој продолжи да снима вакви шоуа.
ФОТО: Инстаграм / Бранко Огњановски
И неговиот проект „Фчерашни новости“ се стекна со голема популарност и одлично помина кај гледачите.
Бранко е активен и на социјалните мрежи каде знае да сподели и фотографии од своето секојдневие.
ФОТО: Инстаграм / Бранко Огњановски
Најчесто споделува видеа и фотографии кои ќе ја засмеат публиката.
Така беше и овој пат.
ФОТО: Инстаграм / Бранко Огњановски
Тој сподели видео од снимањето на К-15 на кое се гледа како плука.
„Каква сељачина сум бил кога сум бил млад. Се плука ли вака?“, вели Бранко на видеото.