Мила Царовска на овој настан се појави во потполно различно издание – погледнете го најновиот имиџ на нашата министерка
Нашата министерка најчесто ја гледаме во елегантни и женствени изданија
Но овој пат Милица Царовска која покрај тоа што е одлиен професионалец и важи за една од најдобрите политичарки во редовите на социјалдемократскиот сојуз, министерката важи и за дама која води сметка за својот физики изглед, која има чувство за мода и ги следи трендовите.
Впрочем тоа можеме да го видиме и од нејзиниот профил на Инстаграм каде редовно објавува фотографии од своите активности. Таа речиси секогаш избира модни парчиња со кои предизвикува позитивни реакции кај симпатизерите и следбениците на социјалните мрежи, па за неа можеме слободно да кажеме дека е една од оние жени во политиката кои поставуваат стандарди, и тоа не само како политичарка туку и со својот одличен моден стил.
Досега неколкупати пишувавме за нејзините модни комбинации, но овој пат не изненади со издание во какво речиси никогаш не ја гледаме.
Имено, таа како министерка за образование во еден настан организиран со ученици се појави во маичка со натпис.Таа маичката ја носеше преку туника или фустанот што го носеше во тој момент и изгледаше мошне интересно.
Еве уште една, слична опуштена комбинација на министерката, само овој пат со машка „поло“ маичка.
Сепак, таа не реши да го промени имиџот, туку ова издание го носеше во склоп со околностите, а каков е нејзиниот стил и кои трендови ги преферира можеме да видиме од некои од нејзините последни изданија.
Речиси секогаш носи маска што одговара со облеката
Носи елегантни, но истовремено модерни фустани
Не ретко преферира и кежуал стил…
И во „бохо“ фустан може да изгледа деловно
Без разлика дали ќе избере фустан, панталони па дури и фармерки, секогаш изгледа тип-топ средено.
Нејзините високи потпетици секогаш се паметно избрани и го подигаат целото издание на едно друго ниво,
Наши предлози:
Фото: Инстаграм, Нет а портер