Мики Секуловски се пофали со новата тетоважа – ова ги изненади сите, еве како пејачот изгледа сега
Пејачот реши да се разубави, па ги изненади сите
Мики Секуловски ги изненади своите фанови
Велешанецот Мики Секуловски кој по шоуто „Ѕвездите на Гранд“ стана еден од нашите најбарани пејачи, пријатно ги изненади сите.
Тој преку својот профил на социјалните мрежи редовно комуницира со своите бројни фанови, па така откако неодамна сподели дека посетил едно студио за тетовирање, многумина се запрашаа каде и каква тетоважа направил сега, што пејачот по неколку дена и самиот го откри.
Имено, Мики објави една кратка снимка на која се гледа неговата нова тетоважа инспирирана од митските божества.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Новата тетоважа всушност е додадена на неговата стара што Мики ја имаше на својата рака и која досега сме имале прилика да ја видиме.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Потсетуваме, Мики со своето прво појавување во „Ѕвездите на Гранд“ ги изненади сите со својот неверојатен талент за пеење.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Тогаш медиумите го опишуваа како „келнерот од Белгија“, а со својата појава беше забележан и од припадничките на понежниот пол.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Балканската фолк-дива, Светлана Цеца Ражнатовиќ, беше пресреќна што заврши во нејзиниот тим, а Мики и денес, по освоеното второ место во шоуто, со менторката е во одличен однос.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Тоа можевме да го видиме и кога Цеца на еден свој концерт во Македонија го покани Мики да и биде гостин.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Тие тогаш заедно испеаја и една позната песна на Цеца, а како Мики звучеше и во едно вакво издание, потсетете се во продолжение…