Реклама
Наши ѕвезди

Мики Секуловски конечно откри со кого ужива – ова е најслатката фотографија што ја споделил досега

Не сте го виделе во вакво издание

Реклама

Мики Секуловски сподели фотографија на својот Инстаграм профил со која им ги стопи срцата на своите бројни фанови.

Македонската Гранд ѕвезда Мики Секуловски во последно време поприлично е активен и на социјалните мрежи.

Откако во претходната сезона во „Ѕвездите на Гранд“ кога победи Шејла Зониќ го освои високото второ место, Мики настапува речиси секој викенд низ клубовите во Македонија, но многу често и во регионот.

Маркетинг

Инстаграм/ Мики Секуловски

На неговиот профил на Инстаграм најчесто споделува снимки и фотографии од овие негови настапи, како и најави за истите, но овој пат сподели една фотографија со која никого не остави рамнодушен.

Маркетинг

Инстаграм/ Мики Секуловски

Имено, Мики на оваа фотографија позира со своето внуче кое го држи во рацете и им ги стопи срцата на своите верни фанови.

И бидејќи ретко споделува моменти од семејството и приватниот живот, ова негово издание е посебно емотивно.

Под заедничката фотографија со бебето следуваа бројни коментари, а Мики на истата зрачи од среќа додека си игра со него.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Потсетуваме, Мики во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“ беше во тимот на популарната фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, со која и денес има одличен професионален, но и приватен однос.

Инстаграм/ Мики Секуловски

Пејачката веќе неколку пати го покани Мики да и биде гостин на концертите што таа ги одржува во регионот, а еден од неговите последни настапи со оваа голема балканска дива беше пред само неколку дена.

Повеќе за ова прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button