Мики откри кој беше виновен што заврши во бараж – НЕЈЗИНОТО МИСЛЕЊЕ МИ ФАЛИ, вели пејачот
Мики и Омар искрено за нивниот последен настап
За нивните настапи се уште се зборува
Пејачот Мики Секуловски и Омер Џаферовски направија лом појавувајќи се во дуел во последната емисија од „Ѕвездите на Гранд“.
Тие по емисијата зборуваа за своите впечатоци, а Мики не крие дека му недостига тоа што неговата менторка не беше присутна.
Имено, Светлана Цеца Ражнатовиќ не беше на снимањето на оваа емисија, па неа ја заменуваше Драган Којиќ Кеба.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Цеца секогаш ми фали. Цеца ми е како бензин (смеење). Можеби тоа што не беше таа тука малку бев, знаеш… Но не, не беше тоа пресудно иако секогаш ми фали како менторка да ми го каже своето мислење“, откри Секуловски. Тој бидејќи овој пат освои помалку гласови од Омар, во следниот круг се пласираше од бараж.
Од друга страна и Омар е презадоволен од својот ментор Ѓорѓе Давид за кого вели дека е најдобриот човек што го сретнал.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Не знам како тоа да го опишам, ама Ѓорѓе е најдобриот човек што сум го сретнал. Го поздравувам јавно и еве јавно велам дека подобар човек од него не сум сретнал. Му се заблагодарувам за се што прави за нас, секоја чест! Толку сум воодушевен од неговата работа и начинот на кој работи со нас, па еве, резултатите покажуваат сé“ изјави Омар кој во овој круг беше за нијанса подобар од Мики.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, Мики и Омар во последната емисија се натпреваруваа еден против друг, а според жирито Омар беше за нијанса подобар.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Интересен беше и моментот кога Кеба излезе на сцената и ги натера и двајцата заедно да ја испеат „Јовано, Јованке“.
Овој потег на Кеба ги воодушеви и двајцата, но и публиката, а како сето тоа изгледаше и звучеше, погледнете во продолжение…
Извор: Гранд.онлајн