Реклама
Наши ѕвезди

Ми се јавуваат дами, никогаш не е доцна да се оженам – прилепчанецот Сашо го освои целиот Балкан

Ова не го очекував ни на сон, вели Сашо по победата

Реклама

Малкумина знаат за овој детаљ од неговиот живот

Прилепчанецот Сашо Башески не крие дека преку ноќ му се промени животот, а сега целиот Балкан зборува за него.

Имено, тој уште откако се појави во шоуто „Никогаш не е доцна“ со своите настапи на сцената ги воодушевуваше сите.

Маркетинг

Од круг во круг тој се претставуваше со најразлични песни и ја освојуваше како публиката, така и жиро, стигнувајќи до самото финале.

Маркетинг
Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Но тој со својот талент успеа да триумфира и во финалето, кога публиката го награди со најголем број гласови преку СМС со што стана победник во ова популарно балканско шоу за ветерани.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Сашо доби преку 6000 гласови кои беа повеќе од доволно да го освои првото место во шоуто во категоријата СМС гласање.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Но по генијалниот успех, Сашо откри дека му останала само една неостварена желба во животот, а тоа е што не се оженил.

„Ова не го очекував ни во сон, чувството е феноменално. Дојдов да го покажам она што го имам во смисла на пеење, не се надевав на награда. Најголема поддршка ми беа моите Македонци, но и сите оние на кои им се допадна мојата песна“, изјави возбудено Сашо, па го додаде и следново:

„Никогаш не е доцна да се оженам. Ми се јавуваат дами, веќе почнав да размислувам за тоа. Емисијата Никогаш не е доцна му отвори нови познанства, пријателства и нови можности“, вели Сашо.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Потсетуваме, во финалето од популарното шоу во жирито беше и Калиопи Букле која ја имаше честа да му ја додели наградата на Сашо.

Таа не криеше дека има посебни емоции кон него затоа што е од Македонија, но и дека навистина заслужено ја освои победaта.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

„Многу сум возбудена и среќна. Ми беше кажано дека ќе ја доделам наградата што се добива од СМС пораките. По мое мислење, оваа година има најјаки пејачи, имаше подеднакво добри и кои не стигнаа до финалето. Ова навистина беше тешка задача. Секогаш имам чувство дека Македонија е мала земја и баш ми е драго што овој човек е забележан и луѓето да го почувствуваат она што го почувствував јас“, вели Калиопи за „Гранд.онлајн“, додавајќи дека би сакала некој продуцент да дојде до контактот на Сашо и тој да сними еден албум.

„Тој подеднакво добро пее и македонски стари песни, и српски и севдалинки кои јас никогаш не се осмелив да ги пеам. Сакам да го слушам тој глас, да не милува бидејќи ретки се таквите гласови“, заклучи таа.

А како звучеше Сашо во шоуто кога целиот Балкан уживаше во најубавите македонски песни, слушнете во продолжение…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button