Метеоролозите ни откриваат какво временско лудило не чека – кога да очекуваме снег и какво ќе биде времето до крајот на зимата
За временското лудило виновни се геомагнетните бури
Според метеоролозите, турбуленциите во промена на времето се очекувани за сите годишни периоди, посебно во последните неколку години кога разликата во температурите во еден ден може да се промени и до 20 степени и таквите промени ќе ги има и во следниот период. До крајот на февруари ќе биде натпросечно топло и температурите ќе одат и над 15 степени, посебно некаде на средина од месецот, а потоа следува повторно студен бран. Имено, веќе од 12 февруари следува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, додека на повисоките планини ќе има снег. Повеќе врнежи се очекува да има во петок, на 14 февруари, а на повисоките места врнежи од снег. Но потоа повторно неколку дена ќе бидат топли, а веќе во саботата, на 22 февруари може да се очекува врнежи од снег и на пониските места. Од тогаш почнува и благ пад на температурите кој ќе трае се до крајот на месецот и почетокот на март.
Геомагнетни бури
Како што вели метеорологот Недељко Тодоровиќ, а пренесе порталот Еспресо.рс ваквото променливо време се должи на експлозиите на сонцето кои сега се случуваат на секои пет-шест дена и чии честички влијаат на магнетното поле, а кое потоа влијае и на земјиното, па сето тоа најмногу го чувствуваат метеопатите. Тие промените најчесто ги чувствуваат во вид на главоболки, но и во вид на други промени.
Времето во следните неколку дена
Според Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија, времето денес ќе биде променливо облачно и релативно топло, со повремен локален дожд, а на повисоките планини ќе се создадат услови и за локален снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југозападен и западен правец, а слично променливо време не очекува и во утрешниот ден, на 12 февруари.
Повеќе врнежи ќе има во петок, кога врнежи од снег се можни и на повисоките места.