Вести

Месечната плата во оваа наша компанија стигна до 60.000 денари!

Advertisement

КАМ Маркет е првиот синџир маркети од типот хард-дисконти коишто постојат на македонскиот пазар. Во Македонија работат 80 КАМ маркети, лоцирани низ Република Македонија. Компанијата брои приближно 1200 вработени.

Како еден од лидерите во дисконт трговијата, КАМ Маркет на своите потрошувачи им ги нуди сите основни групи на прехранбени и непрехранбени производи со одличен квалитет по исклучително ниски цени.

Advertisement

фото Кам

КАМ Маркет ги задоволува потребите на целото семејство, и со своите редовни седмични понуди (четирипати месечно) внесува свежина во секојдневието.

КАМ ги следи принципите на хард-дисконт: највисок квалитет по најниски можни цени. Овие принципи се гаранција за успех секој ден и насекаде – практичност, јасни структури во управувањето, колегијалност и правичност во работењето.

Зад нашиот успех стои нашиот внимателно избран асортиман. Фокусот оставаме врз сопствените марки и врз докажаните трговски марки. Се разбира, кај нас секогаш ќе најдете свежо овошје и зеленчук со највисок квалитет, како и разновидност од свежи печива.

Овој концепт ни обезбеди успешен и брз развој во изминатите 24 години во нашата мрежа од продавници во Македонија.

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година.

Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари.

За септември 2023 година, КАМ на своите вработени им исплати бруто плати во износ од над еден милион евра.

Во текот на оваа година, КАМ двапати ги зголеми платите на секторите Логистика и Продажба, така што од јули годинава нето платата во сектор Продажба се зголеми до 31.000 денари за касиери, до 41.000 за раководители на маркети, додека од август за вработените во Логистика исплаќа нето плати до 45.000 денари за магацински работници и до 60.000 денари за возачи.

– Постојано вложуваме во своите вработени, а показател за тоа е фактот дека имаме постојани обуки за професионален развој на вработените, како и зголемување на платите и бенефициите.

Грижата за нашите луѓе е заснована на нашите вредности, бидејќи само на тој начин може да го дадеме својот максимум.

Се разбира, ова се рефлектира и во услугата што ја даваме на лојалните потрошувачи. Секој ден размислуваме како да се искачиме едно скалило повисоко и се надеваме дека тоа е приказната која ќе продолжиме и понатаму да ја градиме.

Секако, стабилно и со стратегија која ќе биде соодветна за целиот тим – велат од менаџерскиот тим на КАМ.

Неодамна КАМ ја прошири и листата на бенефиции – го зголеми регресот за годишен одмор и воведе платено колективно осигурување за сите свои вработени, а дополнително овозможи и платен превоз за вработените чие живеалиште е одалечено повеќе од 5 километри од маркетот во којшто работат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button