Мелита објави фотографија од својата убава ќерка на Инстаграм, КОМЕНТАРИТЕ не престануваат, мама е пресреќна со неа!
Таа е нејзината гордост и само за неа секогаш зборува со многу љубов.
Старлетата Мелита Ракикевиќ, која јавноста ја запоза како водителка на првата емисија за животни во Македонија, денес живее во луксуз и раскош.
Важеше за една од најубавите жени на македонската телевизиска сцена, со својата појава веднаш ја освои публиката.
Нејзината емисија беше една од најгледаните во тој период. Подоцна Мелита се вклучи и во друг вид проекти, водеше разни емисии, но љубовта кон животните никогаш не згасна.
Мелита максимално вложува во својот физички изглед и секогаш, во секоја прилика, таа е средена од глава до пети.
Таа се труди да има уникатни парчиња облека со кои ќе се одвојува од останатите жени.
Она што многумина зачуди беше нејзината одлука да подлегне на естетската хирургија.
Мелита драстично го промени својот изглед.
Но иако целосно се промени, мора да се признае дека изгледа подобро од било кога.
Мелита долги години беше во брак со Владимир Ракикевиќ, со кој ја има ќерката Барбара.
Барбара е нејзината најголема гордост и љубов.
Денес Барбара е вистинска убавица, која тргна по стапките на мама.
Физички потсетува многу на својата мајка.
Публиката имаше можност да ја гледа и како водителка на етрадниот магазин „Бекстејџ“ и одличне се снајде во таа улога.
Сепак она со што таа сака да се занимава е музиката. Барбара има фантастичен глас и често на социјалните мрежи споделува видеа од неа како пее.
Вредна и успешна, но и доста активна на социјалните мрежи. Со оглед на тоа дека е дете на позната личност, таа е сепак многу скромна и се труди самата да достигне големи успеси.
Многу е поврзана со својата мајка и двете се неразделни. Скоро на сите патувања одат заедно.
Мелита често споделува фотографии и видеа од својата ќерка, за која вели дека е единствената личност која може да ја воодушеви.
Овој пат таа ја покажа Барбара во едно издание какво досега ја немаме видено.
Имено Барбара позираше во пpoвокативно издание, покриена само со раскопчано сако во горниот дел.
Гордата мајка во опис на фотографијата напиша:
„Да бидеш мајка е Божји благослов. А, среќа е да си горда на својата ќерка на многу полиња“.
ФОТО: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Мелита Ракикевиќ