Мелита и нејзиниот поранешен сопруг повторно заедно: Еве кој ги спои – на среќата ѝ нема крај
Семејството Ракикевиќ повторно заедно, честитки пристигнуваат од сите страни.
Убава причина за славење имаше во семејството, а Барбара се пофали и на социјалните мрежи.
Некогашната водителка Мелита Ракикевиќ гордо се пофали со својата ќерка Барбара, која буквално изгледаше како барбика за својата матура.
Мелита ја доби Барбара во бракот со познатиот скопски угостител Владимир Соме Ракикевиќ.
Барбара е нивното најголемо богатство и она што цел живот ќе ги поврзува.
Мора да се признае дека Барбара порасна во вистинска убавица, која убавината ја наследи од својата мајка.
Физички потсетува многу на својата мајка.
Публиката имаше можност да ја гледа и како водителка на етрадниот магазин „Бекстејџ“ и одличне се снајде во таа улога.
Сепак она со што таа сака да се занимава е музиката. Барбара има фантастичен глас и често на социјалните мрежи споделува видеа од неа како пее.
По повод матурата на Барбара целото семејство се собра на едно место и славеше.
Иако Мелита долги години е разведена од Соме, за матурата на Барбара повторно се споија и славеа со нивната ќерка.
Барбара објави фотографии од прославата на Инстаграм, а насмевката на лицето на нејзините родители кажува се. Погледнете:
ФОТО: Инстаграм / Барбара Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Барбара Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Барбара Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Барбара Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Барбара Ракикевиќ
ФОТО: Фејсбук / Владимир Ракикевиќ
ФОТО: Фејсбук / Владимир Ракикевиќ
ФОТО: Фејсбук / Владимир Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Барбара Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Барбара Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Барбара Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Барбара Ракикевиќ
ФОТО: Инстаграм / Барбара Ракикевиќ