Реклама
Вирално

Медицинските експерти советуваат: Витаминот Д треба да се зема во текот на карантинот поради короната, на секој организам му е важен за развојот

Реклама

Освен што се покажа дека е корисно во борбата со коронавирусот да се земаат поголеми количества Витамин Ц, сега експерите за јавно здравје од Англија советуваат дека е важно, поради изолацијата на населението во текот на пролетта и летото на дневна база да се внесува и Витамин Д.

Во нормални околности, овој витамин се добива кога луѓето се изложуваат на сонце, и тогаш кожата сама го произведува.

Маркетинг

Овој витамин на сончевата светлина, заедно со некои други, може на нашето тело да му помогне да остане доволно во форма и да се избори со тешки болести и зарази – што е важно во текот на ваква пандемија.

Лекарите од Велика Британија на своите сограѓани им советуваат да земаат до 10 микрограми дневно во текот на зимските месеци (од октомври до март), како и во текот на целата година доколку не поминуваат доволно време надвор.

Маркетинг

Англиските научнции се загрижени поради тоа што населението во овој период на епидемија од коронавирусот времето го поминува дома и затоа препорачуваа во овие случаи задолжително да се зема витамин Д:

-доколку не одите често надвор, доколку сте врзани за домот затоа што се штитите од сонце, на пример

-доколку живеете во дом за стари лица

– ако обично носите облека која покрива поголем дек од вашата кожа додека сте надвор.

-луѓето со потемна кожа можеби не добиваат доволно донце дури и ако поминуваат доволно време надвор.

Како помага витаминот Д

Најголемиот извор на витамин Д е сонцето, но бидејќи пандемијата на вирусот корона нè принуди да поминеме многу време во куќата, неопходно е да се обезбеди на друг начин.

Тој е одговорен за силен имунитет и способноста на телото да се справи со сите вируси кои го напаѓаат. Се бори со депресија, вознемиреност и лошо расположение. Исто така, тој е одговорна за здравјето на коските и се препорачува за лица со дијабетес тип 2.

Најбогатиот извор е рибата како што се туна, скуша, харинга, лосос, но сите други морски плодови се одличен извор во овој период.

Витаминот Д е растворлив единствено во масна средина, што значи дека јадењето повеќе масна храна е важно за апсорпција на овој витамин. За да го извлечеме најдоброто од тоа, треба да го комбинираме и со магнезиум и со калциум.

Колку витамин Д ни треба во просек?Препорачаната дневна доза на витамин Д е: на возраст од 1 до 70 – 600 IU на ден, над 70 години – 800 IU на ден.Покрај рибите, овие храна ја содржат во изобилство: печурки, козјо сирење, сок од портокал, полномастен јогурт, полномасно млеко, жолчки, туна.

Што советуваат експертите за витаминот Д

Дополнувањето со витамин Д го намалува ризикот од респираторна инфекција, го регулира производството на цитокини и може да го ограничи ризикот од други вируси, како што е на пример грипот.

ФОТО: womenshealth.com.au

Респираторната инфекција може да доведе до цитоклинска бура во организмот – злобен циклус во кој нашите воспалени клетки ги оштетуваат органите по целото тело, со што се зголемува смртноста кај луѓето од КОВИД-19. Соодветното ниво на витамин Д може потенцијално да обезбеди одредена заштита кај ранливите популации.

Во моментов не знаеме дали недостаток на витамин Д игра некаква улога во тежината на болеста КОВИД-19. Но, со оглед на високата застапеност на недостаток на витамин Д во оваа земја, потполно безбедно е да се препорача луѓето да добиваат соодветна дневна доза на витамин Д.

Повеќето луѓе произведуваат витамин Д во кожата кога се изложени на сонцето. Околу 15 минути директна сончева светлина на ден е доволно за многумина да произведат соодветна количина на витамин Д.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button