За девет месеци никој не дојде да ја посети.
Лиз Смит, директор на медицинските сестри во детска болница во Брајтон, Масачусетс, отсекогаш сонувала да биде мајка.
Дури и по прекинувањето на долгогодишната врска, таа се обидела на различни начини да го оствари нејзиниот сон. Но, по неуспешното ин витро оплодување, таа почнала да ја губи надеж.
“Да се стане медицинска сестра беше лесно, но да се стане мајка не е. Ги турнав тие мисли и се занимавав со работата”, Смит го опиша начинот на кој таа се справи со ситуацијата во која се најде.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10217587881908827&set=a.1627023795422&type=3&theater
Сепак, како што беше откриено во интервјуто за шоуто Денес, сè се промени откако се приклучи на болница во Бостон.
Еден ден во болницата пристигна мало девојче на кое му требаше итна помош.
“Веднаш ја прашав медицинската сестра која е овој прекрасен мал ангел”, раскажуваше Лиз за првата средба со Жизел.
Имено, мајката на девојчето била зависник од дрога, таа сè уште кога била трудна малата Жизел ја изложила под влијание на кокаин и хероин а по нејзиното раѓање барала посебна грижа за целосно да се опорави. Но, родителите воопшто не ги интересирало девојчето. Пет месеци никој не ја посети во болницата и требаше да биде испратен во згрижувачко семејство.
https://www.facebook.com/FranciscanChildrens/videos/332633457360298/?v=332633457360298
Лиз ја одвела дома и секојдневно поминувала по 16 часа хранејќи ја преку посебни цевки. Откако ја негуваше со недели, сфати дека таа се плаши од мислата дека може да ја изгуби. Потоа и стана јасно дека на Жизел сака да и обезбеди домот што го заслужува.
Девет месеци откако Смит почна да ја негува Жизел, државата ги прекина родителските права на биолошките родители и ја отвори можноста да стане нејзина мајка.
https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10217716641167728&set=a.1627023795422&type=3&theater
Денес Жизел има две години и сè уште се храни преку специјална цевка, благодарение на љубовта и грижата Лиз Смит, девојчето прави голем напредок и сега сите ја препознаваат од нејзината заразна насмевка.