Медената Атиџе нема да ја препознаете во ова издание – „испливаа“ ФОТОГРАФИИ кои никого нема да остават рамнодушен!
Во вакво издание ги немаме видено досега
Познатата македонска пејачка, писателка и водителка Сузана Турунџиева објави неколку фотографии на кои е со својата драга пријателка Атиџе Муратова, медената хероина од документарецот Медена земја.
Тие беа во прошетка низ Битола, а покрај Сузана која совршено знае како да ги спои старите и новите трендови, внимание привлече и Атиџе.
Имено, Атиџе беше облечена во црно од глава до пети, освен кафеавите чизми, и изгледаше одлично во ова издание.
Носеше црни панталони и убава зимска црна јакна, а насмевката на нејзиното лице кажува колку ужива во дружбата со Сузана.
„Ќепенците беа спуштени и чаршијата затворена, ама затоа сонцето и насмевките ни беа притиснати на најјако“, напиша Турунџиева.
Турунџиева за разлика од Атиџе носеше „teddy-bear“ капут во кремасто бела нијанса и шарени високи чизми, а целото издание го „зачини“ со широк дуксер со дезен од букви и интересна шарена капа.
Инаку, Сузана и Атиџе веќе подолго време се блиски пријателки, а пред некое време снимија и заедничка песна.
Зборувајќи за нивното пријателство Сузана во една прилика изјави дека сака да останат засекогаш така блиски.
„Не и ветив на Атиџе, но јас во себе си реков, ќе се потрудам остатокот од нејзиниот живот да биде подобар“, изјави своевремено Сузана.
Од друга страна и Атиџе не крие дека е многу благодарна за сè што Сузана има направено за неа и дека откако се пријателки нејзиниот живот се променил на подобро, но исто така нагласи дека како што сега неа и помагаат посакува и таа еден ден да има шанса да помогне на другите.
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџоева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџоева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџоева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџоева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџоева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџоева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџоева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџоева
Фото: Фејсбук/ Сузана Турунџоева