TV

Мајчинството и го спаси животот на убавата Хурем: Турската актерка се бореше со депресија и успеа да ја победи, денес е посреќна од било кога!

Поранешниот ја остави кога дозна дека е бремена...

Реклама
Реклама

Познатата актерка која на овие простори се прослави со улогата на Хурем во популарната турска серија „Сулејман Величествениот“ денес може да се пофали со одлична кариера и деловен успех а пред се со хармоничен живот за кој и требаше доста време.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Мерјем Узерли е позната по тоа што својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Султанката Хурем од серијата „Сулејман Величествениот“, често сака да прикажува сцени со своите ќерки.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Мерјем Узерли овој пат во своите приказни на Инстаграм објави фотографија на која се гледаат таа и нејзините ќерки како уживаат во креветот со преслатко кученце.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Се претпоставува дека кученцето е подарок од таткото на помалата жерка Лили Кои, со која таа се породи во јануари 2021 година.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Актерката се уште не открила кој е татко на девојчето а се шпекулира дека се работи за актерот Чаглар Ертугрул, со кој таа е во врска подолго време.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Узерли привремено го напушти актерството откако серијата „Сулејман Величествениот“ и донесе голема популарност кога имаше 28-години.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Многумина беа прилично изненадени од нејзината одлука, а продуцентот на серијата Тимур Савџи во една емисија изјави дека главната причина е тоа што актерката боледувала од психолошко пореметување познато како „синдром на прегорување“ и не можела повеќе да го издржи напорното снимање.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Симптомите на овој синдром се безволност, замор и недостаток на ентузијазам, а со текот на времето се се претвори во хроничен стрес пропратен со несоница, главоболка, намален имунитет, висок крвен притисок, депресија, напади на паника и нарушена концентрација.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Откако го почувствува сето ова, актерката реши да го напушти проектот.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Имено, таа не можеше да го поднесе товарот на славата и тоа што луѓето премногу ја поистоветуваа со Хурем, што доведе до тоа да биде навредувана на улица. Пред неколку години се бореше со депресија која успешно ја надмина.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Токму кога решила да си го среди животот пристигна нов удар. Имено, нејзиниот 17-години постар партнер, претприемачот Џан Атеш, ја оставил кога дознал дека актерката е во бремена.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Медиумите тогаш на големо пишуваа дека поради тоа Мерјем доживеала нервен слом, по што се обидела да се самоу-бие скокајќи од балконот, но за среќа се здобила само со полесни повреди.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

После тоа била сместена во психијатриска болница во Германија.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Сега таа е посреќна д било кога, му се врати на актерството, а почна и да се занимава со манекенство.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

Инаку, актерката живее во Германија, во близина на родителите и опкружена со блиски пријатели, кои се нејзина голема поддршка.

Фото: Инстаграм/ Мерјем Узерли

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button