Гледајќи од страна родителството е како мед и млеко, но сигурно оние кои имаат деца знаат дека уште во првите денови започнуваат маките.
По читањето на признанијата на мајки кои ги открија за Romer што најмногу е проблематично и најосновните работи што ги направиле за своите деца, ќе сфатите дека родителската љубов непознава граници.
“Го гледав нејзиниот стол цела недела, и го чистев надевајќи се дека ќе ја најдам паричката што ја проголта”, призна Мама Ерин. ….Физичките болки како и настинките не се непознати за другите родители, па Кимберли потсети дека нејзината тригодишна ќерка има ротавирус.
“Во еден момент ја држев во едната рака, а во другата кеса со која се обидував да ја соберам предходната повраќаница, додека тоа го правев таа повторно се исповрати врз мене. “, рече таа. …„Со раце го фатив неговото гомце бидејќи во тој момент ми се чинеше дека е полесно да ги измијам рацете отколку седиштето во автомобилот “, признава Мелори.
Но, понекогаш родителите имаат вистинска борба. “Неодамна, моето второ дете ја фрли четката за заби во веце-школката додека јас седев на неа. Е, фала ти ,мајсторе морав да ја пикам раката во сопствената урина “, се присети Фиона.
Мама Бенџи потсети дека откако нејзината ќерка подготвила “посебен подарок” за неа. Таа возбудено се стрчала кон неа и и ‘кажала да ја подаде дланката, и кога погледна во она што го добила, сфатила дека држи кучешки измет.