Реклама
Вирално

Мајката на најубавите близначки на светот откри што прават тие и ги шокираше сите

Реклама

Близначките Ава Мари и Леа Роуз станаа популарни откако нивните родители за нивниот седми роденден им отворија заеднички профил на Инстаграм.

Девојките наскоро беа прогласени за најубави близначки на светот, а со успехот на социјалните мрежи дојдоа и бројни понуди за познати модни брендови и популарни фотографи. По само шест месеци од отворањето на профилот девојките имаа 150.000 следбеници, а сега неверојатни 1.100.000.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BurLK8GhP9P/

 

Маркетинг

Жаки Клементс, нивната мајка, вели дека нејзините ќерки биле мошне зафатени во минатата година но и дека покрај сите обврски повторно се забавувале. „Без разлика дали одат на шопинг, промовираат брендови или се фотографираат со обожавателите, тие се забавуваат. Она што им е најважно е да имаат пријатели”, рече Жаки за „BuzzFeed”.

https://www.instagram.com/p/BugvBj3h4lu/

 

Таа вели дека без оглед на планетарната популарност, не им дозволува да пропуштаат настава од училиштето. „Во случај кога ќе бидат ангажирани од некоја фирмата, постојат приватни часови на кои тие го надоместуваат она што ќе го испуштат во училиште”.

https://www.instagram.com/p/Bt_lDLVhrvd/

 

Во работните денови, Ава и Леа стануваат рано наутро бидејќи патуваат до Лос Анџелес, го прават она што се бара од нив, а потоа нивната мајка ги носи на ручек или шопинг.

„Кога не работат или не одат на училиште, пливаат, вежбаат, одат на часови за танцување или се дружат со децата од соседството”, вели нивната мајка.

https://www.instagram.com/p/BtykyrNB5o5/

 

Жаки понекогаш дозволува нивните ќерки да ги читаат коментарите и нагласува дека за успех на Инстаграм најважна е естетиката, односно начинот на кој луѓето се претставуваат.

„Во моментов сме фокусирани на Јутјуб. Треба почесто да објавуваме клипови за да направиме заедница и тука“, вели таа.

Но откако беше објавено интервјуто со неа на BuzzFeed коментарите воопшто не беа позитивни. Имено, читателите на страницата укажуваат дека девојчињата немаат детство и дека амбициите на мајката за нив ќе заврши многу лошо.

https://www.instagram.com/p/Bu1TwZIhdaQ/

 

“Има толку многу статии во врска со рушењето на стереотипите за жените и стандардите за убавина, а потоа овие седум годишни девојки кои постојано се туркаат во преден план како да се модели за Вог”, „Ова се нарекува злоупотреба на деца”, „Се наежив од приказната. Една работа е да се биде дете, а потполно друга кога си дете заради пари “,„Веќе ги гледам насловите за пет години како девојчињата збеснале“, „Ова е класична злоупотреба на деца и загрозување на нивните права”, „Ова е како во некој хорор филм.”

https://www.instagram.com/p/Bu6ohjPhN6l/

 

Инаку, Ава и Леа моментално се најуспешните девојчиња на светот и ова не е прв пат нивната мајка да трпи негативни коментари заради нив.

Што мислите вие – дали луѓето што ја критикуваат се во право или не?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button