Мајката на Мика и Гиба ја објави првата нивна фотка по промената на полот: „Вистински убавици, личат на мене!“
Високи потпетици, мини фустани, долга коса – Мика и Гиба како жени изгледаат непрепознатливо
Поранешните учесници на реалните шоу-програми „Задруга“ и „Големиот брат“, близнаците Мика и Гиба Васиќ го променила полот.
Близнаците најголема поддршка имаат од нивната мајка Рада која денес сподели фотографија од своите синови, кои го променија полот и сега се жени, а нивните нови женски имиња се Ивана и Ана Николиќ.
Тие операцијата ја направија на почетокот од летото минатата година, во една приватна клиника во Белград.
„Само нека се живи и здрави“, изјави тогаш нивната мајка Рада Васиќ.
Таа сега објави „Инстаграм стори“ со Ана и Ивана, со емотивната песна „Километрима далеко, знај да тебе воли неко“.
Промената е повеќе од очигледна – Ана и Ивана сега имаат долга коса, а како изгледаат, погледнете во продолжение:
Инаку, мајката на Ана и Ивана по промената на полот за медиумите изјави дека најважно и’ е нејзините деца да се среќни.
„Ничие дете не закачувам, ничие дете не озборувам, јас сум мајка и мене тоа ме боли. Та што тие го променила полот, тоа е се нормално сега, тие двете некогаш сами јавно ќе зборуваат за тоа“.
„Тие сега живеат во Германија, со нив се слушам два-три пати дневно и сега кога Раде, мојот сопруг, е во болница, јас со нив се слушам дури и почесто. Тие двете не се плашат од никој, не се тие први што го промениле полото, тоа е ‘јача сила’, тие треба да се појават во јавност“.
„Благодарение на докторите тие денес се вистински убавици и личат на мајка им“, изјави своевремено Рада Васиќ.
Приватна архива
Приватна архива
Принтскрин