Мајката на Меган Маркл, Дорија Регланд, фотографирана е при заминувањето на аеродромот во Лос Анџелес од каде замина во Лондон четири дена пред венчавката на нејзината ќерка со британскиот принц Хари
Дорија Регланд (61) додека го напушташе домот во рацете носеше торбата за облека со препознатливото лого на „Burberry“ под која ѕиркаа неколку закачалки, а шоферот и го носеше куферот и уште една помала торба.
Таа изгледаше загрижено, а тоа е потполно разбирливо ако земеме во предвид дека нејзиниот поранешен сопруг и татко на Меган пред неколку дена заврши во болница поради операција на срцето, така што сега таа ќе треба на венчавката да ја спроведе Меган и да ја предаде на Хари.
Од друга страна медиумите и неа како и нејзиниот поранешен сопруг воопшто не ја штедеа во изминатиов период и ја вадеа на виделина сета валкана облека на целото семејство на Меган, а свесна е и дека повторно се во близина „незгодните“ папараци и го следат секој нејзин чекор.