Мајката на Луна се соблече и ги запали социјалните мрежи – по три породувања, и во петтата деценија изгледа неверојатно
Некои коментираат дека изгледа подобро од Луна
Откако нејзината ќерка Луна Џогани победи во Задруга 2 Анабела Атијас реши да ги спакува куферите и да замине на одмор. Таа замина во Ханиоти, Грција, каде ужива со шестгодишна ќеркичка Бланка, а своите обожаватели ги известува често преку социјалните мрежи.
Таа деновиве на Инстаграм објави неколку фотографии на кои позира во страсно издание, а нејзините обожаватели останаа без здив. На нив убавата пејачка иако „плива“ во петтата деценија од животот изгледа неодоливо и беспрекорно, а модерниот костим за капење во жолта боја и стои феноменално, па доби бројни комплименти на сметка на својот изглед.
Нејзините обожаватели се воодушевени од нејзината линија бидејќи никогаш не изгледала попровокативно, а многумина останаа збунети од тоа колку добро изгледа иако има 44 години, и три породувања зад себе.
Не се сомневаме дека бројните комплименти што ги доби под фотографиите ќе бидат дополнителна причина наскоро да очекуваме уште неколку вакви, а можеби и „поопасни“ изданија од Анабела.