Мајката на бебето со необична коса што расте на сите страни ја обожава ФРИЗУРАТА на својата ќерка и се надева дека ќе ѝ остане таква!
Алија и нејзиното девојче Арла со опасната фризура
Мајката на бебе старо десет недели со дива коса која расте на сите страни неверојатно брзо вели дека и се допаѓа уникатната фризура на нејзината ќерка, и се надева дека ќе остане таква
Арла Луис е бебе старо само десетина недели кое има неверојатна коса која расте на сите страни.
Нејзината мајка Алија (20) од Бери, Велс, вели дека косата на малечкото девојче едноставно не може да се смири.
Малата Арла се роди пред само десетина недели, а веќе е ѕвезда на TikTok. Уште при првото капење на Арла, новата мајка била зачудена од нејзината коса, која едноставно дивее во сите правци. Мајката решила да го сподели ова „чудо“ на TikTok, каде редовно објавува видеа од малото девојче со „луда“ фризура. Арла веќе има 22.000 обожаватели.
Корисниците на TikTok полудеа по фризурата – некои велат дека бебето личи на лав, а други велат дека изгледа како да вдишала хелиум. Меѓу нив има и загрижени кои прашуваат дали Арла можеби има синдром на неконтролирана коса или пак некаква алергија.
Таткото Адам (22) вели дека неговата ќерка има „смешна“ и „луда“ коса. Фризурата на Арла не се „смирува“ ниту кога ќе ја избањаат. По само 2 минути веќе е нагоре!
Не помага ниту носењето капа. Веднаш штом ќе ѝ ја тргнат капата косата тргнува нагоре. Младите родители и поширокото семејство сметаат дека ова е неверојатно, но и случајните минувачи не можат да останат рамнодушни и да не прокоментираат за косата на бебето.
Сепак, родителите велат дека многу им се допаѓа косата на нивната ќерка и се надеваат дека нема да се промени.
Погледнете ја галеријата:
Алија и малата Арла која ги шокиpа сите со својата опасна фризура
Арла има црвеникава коса која не може да се смири, дури и кога носи капа
Поради нејзината чудна коса, малата Арла наликува на пиленце
Фото: Алија Луис/ Социјални мрежи
Фото: Алија Луис/ Социјални мрежи
Фото: Алија Луис/ Социјални мрежи