Реклама
Новости

Мајка ја носела во рацете едногодишната ќерка и количката за да се симне по скалите, паднала и починала на лице место

Реклама

Несреќната мајка трагично го изгуби животот откако паднал по скалите на станицата во метрото во Њујорк.

Фото: Илустрација

„22-годишната мајка се симнувала по скалите заедно со ќеркичката во количка кога паднала на станицата која се наоѓа на крстосницата на 7-та авенија и 53-та улица”, изјави портпаролот на полицијата. Кога полицајците и брзата помош стигнале на местото на несреќата, жената била во несвест и не одговарака на поствените прашања од страна на полицијата.

Маркетинг

Нејзината едногодишна ќерка Рајла го преживеа падот, но нејзината мајка почина во болницата Маунт Синаи.

Полицијата го испитува случајот и се обидува да открие како нејзината мајка паднала.

Маркетинг

Гудсон работел во детска градинка, а нејзиниот сон беше да стане чувар или стјуардеса, објави „Њујорк тајмс”.

“Имаше проблеми со тироидната жлезда, не знам, можеби тоа е причината поради која се онесвестила”, вели мајката на несреќната жена, Тамика Гудсон.

Оваа трагедија ги загрижи Њујорчани кои сметаат дека на ова место треба да има лифт за да не се повтори ваква трагедија.

Фејсбук

„Сум видел премногу луѓе, но и жени кои ги креваат своите колички со бебиња за да се симнат по скалите. Тоа е лудо и неприфатливо “, коментира еден корисник на социјалната мрежа Твитер.

Колегите на Малези Гудсон веднаш почнаа да собираат финансиски средства за нејзината едногодишна ќерка. Досега од донациите собрани се повеќе од 11.000 долари, а парите ќе бидат потрошени за нејзиното школување .

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button