Кара Брукинс избега од својот сопруг кој ја злоставуваше, купи евтина земја и за девет месеци сама го изгради својот дом.
За нејзиниот потфат пишуваше и Бестселер, а за нејзиниот живот се интересираат и холивудски продуценти …
За Кара Брукинс (46) која својот живот го сврте целосно наопаку, во позитивна смисла, се снима и филм. Кара во 2008 година го остави својот сопруг што ја злоставуваше и заедно со своите четири деца, кои тогаш имаа 2, 7, 11 и 15 години, се пресели во мала куќа во Арканзас.
Првиот план на Кара беше да купи куќа, но наскоро сфати дека нејзините финансиски можности тоа нема да и го дозволат долго време. Еден ден додека случајно поминуваше покрај куќа која целосно беше разрушена од торнадо добила идеја сама за изгради куќа. И тоа и го направи.
Не знаеше ништо за градење и за градежниот материјал
Кога ја донесе конечната одлука почна да истражува на интернет и да гледа видеа на Јутјуб, пишува „Love Property“. Најде евтино земјиште и дигна кредит да купи материјал за градба. Тогаш сфатила дека нема повеќе пари за работници, па затоа почна да работи сама. И децата ѝ помогнаа.
Имаше поддршка од нејзините деца
„Кога веќе почнав да инвестирам, не можев да се откажам. Немав доволно пари за да платам некој да ми помогне “, вели Кара. Таа вработила само еден работник кој и давал совети, додава таа. Но за да успее во намерата, работеше по 20 часа дневно, дел на работата, а дел на градилиштето
Се плашев дека моите тинејџери ќе дојдат и ќе кажат дека не сакаат ова да го работат, но сите се согласија“.
Нејзиниот најстар син Дру, најмногу и помогна на својата мајка. Тој и помогна и со документација и со физичката работа.
Ќерките готвеа и носеа вода, а малиот Роман за тоа време го набљудувал целиот процес. Во март 2009 година, по девет месеци напорна работа, Кара и нејзините деца се преселија во нова куќа со пет одделни соби. Куќата, исто така, има и три гаражни места и соба за складирање.
Стана успешен мотивациски говорник
По нејзиниот успешен проект, Кара напиша книга која веднаш стана „бестселер“ во Америка. За брзо време ги исплати сите долгови, а сега доби и понуда што не можеше да ја одбие – за нејзиниот живот ќе се снима холивудски филм.
„Бевме тим. Целиот процес уште повеќе го поврза нашето семејство. Дознавме дека ништо не е невозможно. Пронајдовме надеж за нас и успеавме“ – вели Кара.
„На почетокот сите мислеа дека сме луди. Мислам дека освен моите деца никој на светот не мислеше дека ова е добра идеја“ – се шегува оваа мајка на своја сметка.