Мајка на три деца, а има линија на која многу жени би ѝ завидувале – Елена блеска, ова изгледа топ!
Пејачката изгледаше прекрасно, шлицот го украде шоуто
Нашата позната фолк-пејачка, Елена Велевска, повторно ги воодушеви своите бројни фанови со својот моден избор
Пејачката Елена Велевска во последно време се почесто знае да ги изненади фановите и со своите модни приказни.
Така беше и овој пат кога Велевска на социјалните мрежи покажа едно свое издание во кое изгледаше како холивудските дами.
Инстаграм/ Елена Велевска
Таа многу често е главна тема за „озборување“, посебно когa ќе се пoјави во едно вакво издание, па многумина нема да можат да го тргнат погледот од неа.
Маркетинг
Oвој пат во прашање е опуштена комбинација, но која беше толку добро составена што Велевска за ова свое издание заслужува чиста 10-ка.
Инстаграм/ Елена Велевска
Елена овој пат носеше бел фустан-кошула кој е во тренд веќе неколку сезони, а целото издание го заокружи со бели патики.
И токму оваа комбинација на фустан со патики допринесе фолкерката да изгледа мошне тренди, додека начинот на кој позираше, истакнувајќи ги нозете со суптилниот шлиц, додаде доза на с*ксапил.
Елена во ова свое издание едноставно изгледаше како некоја модна инфлуенсерка од светските метрополи што се слика за Инстаграм, додека заради нејзиниот целосен став веруваме дека на многумина нема да им биде сеедно кога ќе сретнат една ваква дама на улица.