Мајка на девојче со посебни потреби: Родители, научете ги вашите деца дека мојата Мила не е чудовиште
На родителите им останува да се погрижат за воспитувањето на нивното дете да ги научат за толеранцијата, да прифаќа поинаку, да имаат разбирање..
Фото: Фејсбук?/Тања Томиќ Домиќ
Да има сочувство и да стане добра личност еден ден. Една мајка сакаше да ги потсети на тоа.Тања Томиќ Домиќ им испрати порака на сите родители преку Фејсбук, споделувајќи го своето искуство како мајка на дете со посебни потреби.
„Драги пријатели (познати и непознати), повеќето од вас знаат дека сум мајка на две прекрасни деца. За жал, Мила е дете со посебни потреби. Таа не го одбра тој пат. Ниту ние, како нејзино семејство. Како и другите семејства на деца со посебни потреби. Се најдовме во таа приказна и се обидуваме се да направиме за да биде нормално. Дека е лесно не е “, изјави таа во своето„ отворено писмо .
Таа упати молба која ја почувствува како потреба за да не потстеи на изгубената полеранција на современото општество.
„Барам одвоите пет минути за да разговарате со вашите деца дека не сите се раѓаат под среќна ѕвезда. Научете ги дека не е убаво да се потсмевате и да покажуваат со прстот, дека не е убаво да зборувате за деца со посебни потреби дека се чудовишта, дека не е убаво да прашате дали таа или кучето се попаметни. Многу пати нашиот син беше предмет на исмејување поради нејзе. Многу пати нашите срца беа стегнати и очите се насолзени. За нас, Мила е совршена како што е. Ве молам, научете ги дека совршеноста за секогао е различна “, истакна Тања Томиќ.
Нејзиниот статус имаше повеќе од илјада шерови за само неколку дена, а луѓето од целиот регион ја контактираат со своите искуства и пораки за поддршка, како и толкувања за суровото однесување на децата кон малата Мила.