Мајка критикувана затоа што сестрите близначки ги става во одделни креветчиња, но ги шокиpаше сите кога ја откри причината!
Близначките станаа хит на социјалните мрежи…
Како што вели оваа мајка, нејзините ќерки близначки се караат најмалку еднаш неделно, и тоа секогаш пред спиење, кога се во нивните креветчиња.
Мајката Лорен Берти (35) од Вирџинија наиде на голем број критики од јавноста затоа што своите близначки ги става да спијат во различни креветчиња.
Мајката беше критикувана на социјалните мрежи затоа што близначките ги успиваше во различни креветчиња, а со видеото што го објави покажа и како сестрите брзо од гушкање и играње преминуваат во „спаринг“ преку решетките од креветчињата. Таа видеата ги објави на ТикТок, а на едната снимка се гледа како Шајло и нејзината сестра близначка Евер Грејс најпрво се играат и гушкаат, а потоа почнуваат сериозно да разменуваат тупаници.
Оваа 35 годишна мајка на три деца видеото го објави откако повеќе пати беше критикувана затоа што своите двегодишни близначки ги држи разделени во текот на ноќта. Таа со видеото објасни зошто го направила тоа, покажувајќи како сестрите во еден момент уживаат, а веќе во следниот се кубат и удираат како да се најголеми непријателки на светот.
Како што вели оваа мама, тие преку ден обично се мирни, но кога ќе дојде ноќта се претвораат во мали „ѕверчиња“.
Лорен е приморана да го осуди ваквото нивно однесување, па затоа решила да ги стави да спијат одделно.
„Да, тие се сакаат, но исто така и сериозно се „маваат“, вели во шега нивната мајка коментирајќи го видеото.
Таа вели дека со тек на време научила дека не треба да се меша во секоја нивна расправија, бидејќи така сами го решаваат проблемот и тоа е добро за нивниот понатамошен развој. Во еден момент изгледаат како дека ќе започнат караница, но веќе во следниот се гушкаат и продолжуваат со играта.
Како што вели Лорен, тие се караат најмалку еднаш неделно, и тоа секогаш кога се во нивните креветчиња.
Од друга страна тие и си недостигаат една на друга ако се разделени повеќе време, на пример кога едната е болна и е на доктор.
Повеќе фотографии од овие две сестрички, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм