Таму каде што има волја, има начини.
Оваа изрека ја докажаа овие две жени.Кој сака да ослабе, може да изгуби тежина, но ако има силна волја. Ние ви донесуваме една приказна која навистина инспирира. Имено, станува збор за мајка и ќерка кои решиле да променат нешто поврзано со нивниот изглед.
Ејми Алисон и Калиста Џонсон изгубија заедно околу 80 килограми, а еве како! Тие се мотивираа со промена на нивниот животен стил.
Мајката и ќерката, влегоа во новата година со одлука да ги подобрат своите фитнес и здравје. Тоа беше во 2016 година кога решија да променат нешто во нивните животи. Тие се запишале на часови по танц.За три години, танцувањето целосно ги промени нивните животи на подобро
Откриле нова насока на танц што ги обединила џез-музиката, танцот од осумдесеттите години на минатиот век, јогата, Пилатес и кикбокс. Иако звучи чудно, ваквиот вид активност целосно го смени нивниот животен стил.